Loading details…
Loading details…
Artist
ЧИСТА ОКОЛИНА Првата позначајна Хип Хоп појава во Македонија е поврзана со основањето на групата Чиста Околина која е оформена уште во 1989 година како унија од два бенда (групи) - Serious Bass (Рифат Емин и Ристо Солунчев) и Кељав Дабар (Веле Солучев, Аце Змејковски - Денвер, Александар Таковски и Александар Стаматов) . Подоцна во 1991 година кон оваа унија се приклучуваат уште две групи Лош Вкус (Владо Трајчевски, Миро Попов, Самоил Петревски, Брцко) и (Б)Анален Отпор (Виктор Георгиев, Љубиша Петровски, Христијан Санев). Всушност токму во 1991 година се структуира бендот, како формално така и на идеолошки план (стил, имиџ, насока на дејствување и т.н.) Првите три години групата концертира само на свои приватни рап забави, а во 1992 година се случуваат првите позначајни настапи: " Rap'n'Roll фестивалот" во Младинскиот Културен центар и неколкуте клубски свирки. По овие настапи кон Чиста Околина се придружуваат: Џоге, Митко Гаштаровски и Ванчо Дамјански. Сепак се до 1994 година поради несериозниот пристап и однос на тогашните медиуми кон Рапот и Хип Хоп културата,Чиста Околина остана во маргините на анонимноста. Но со активно работење, а посебно со соработката остварена со групата Last Expedition чиј заеднички производ е песната "Кељав Дабар", која според музичката емисија "Досие" е прогласена за Песна на 94 година, пошироката музичка јавност беше запознаена со квалитетите и капацитетите на групата. Во 1995 година следуваат учества и настапи на неколку фестивали