Loading details…
Loading details…
Artist
Зафир Хаџиманов е роден на 12.12.1943 год. Во Кавадарци, Македонија од татко Васил (магистер по фармација и етномузиколог) и мајка Вера (домаќинка). Гимназија и музичко училиште завршува во Скопје каде и ги прави првите успешни и професионални чекори во светот на театарот и музиката. Во 1962 год. се запишува на Факултетот за драмски уметности во Белград и во 1967 год. дипломира со одличен успех во класата на проф. Мате Милошевиќ. Пораснал "задоен" со изворната народна песна, во куќата на дедо му Зафир (значи го носи името на дедо му) во Маџир Маало ... Пеел во ансамблите "АБЦД", "Димас", "Безимени". Од мал членувал во детската радиодрама. Вели дека Тодорка Кондова и Благоја Андреев се главни виновници за неговиот професионален избор - глумата. Заминава на студии во Белград со кофер полн радио снимки. Не можеше секој да снима за радио Скопје (ќе рече Зафир). Не беше како сега: влези сине во студио, па тато ќе плати, мама ќе плати. Или умееш или не умееш да пееш. - Се започна од детската радио драма. Го забележа Димитар Масевски како си потпевнува, па основа еден квинтет, со Зафир како солист. Првата плоча ја снима во Белград, кога бил 2 година на студии, '62, '63 година. По првата плоча втора плоча, по втората плоча прв фестивал. Од тогаш, па се до постоењето на поранешна Југославија, нема фестивал на кој учествувал, а да не освоји барем по една награда ... Во тоа време – кое беше време на фестивалите низ Југославија – за да успееш како пеач мораше да успееш на фестивал ..