Loading details…
Loading details…
Artist
Кристијан Габровски, во раните деведесетти многу попознат како Ристо Бомбата (роден во Прилеп), е македонски музичар, пејач, тесктописец и композитор. Во почетокот на деведесеттите, заедно со Борче Шабановски и Валентино Лаучоски, настапуваат под името „Ристо Бомбата и Кучешка тенија“ и достигнуваат огромна популарност. Нивните касети биле продадени во повеќе од 50.000 примероци и своевремено биле една од најпопуларните групи кај младите, но и кај постарите Македонци. Денес, Кристијан е присутен на македонската музичка сцена пишувајќи и компонирајќи песни на многу музичари, највпечатливо на Маја Вукичевиќ. Исто така, има и соло кариера. Настапувал на Макфест и на локалниот избор за песна на Евровизија. Оженет е и има три деца. User-contributed text is available under the Creative Commons By-SA License; additional terms may apply.